Барди против швајцарски, Тричко со украински противник

УЕФА ги спука во два часа и нешто ждрепките за сите три клупски европски натпреварувања.

Во Конференциската Лига која е далеку понеатрактивна од првите две, Енис Барди со Трабзонспор за осминафинале ќе се бори против Базел, а Иван Тричковски со АЕК Ларнака оди на Днипро.

Плејоф двојки за осминафинале:

Карабах - Гент
Трабзонспор - Базел
Лацио - Клуж
Бодо Глимт - Лех
Брага - Фиорентина
АЕК Ларнака - Днипро
Шериф Тираспол - Партизан
Лудогорец - Андерлехт

Натпреварите се играат стандардно во четврток во ист ден со оние од Лига Европа, 16 и 23 февруари.

Ждрепката за осминафиналната фаза во Конференциска лига ќе се одржи на 24 февруари. 

Екипи кои се пласираа директно таму како први во групите се Истанбул Башакшехир, Вест Хем, Виљареал, Ница, Ал Алкмар, Ѓургарденс, Сиваспор и Слован Братислава.

Финалето во Конференциска лига се игра н 7 јуни во Прага.

Ждрепката за ЛШ тука, а за ЛЕ овде.

7 ноември 2022 - 14:17