Ливерпул - Реал Мадрид и ПСЖ - Баерн Минхен се двете мега дерби дуели каде ќе има големи плачки во осминафиналната фаза од ЛШ.
Првата двојка е реприза од финалето во Париз кое го гледавме пред пет и пол месеци, а втората од Лисабон 2020. И двата меча завршија 0:1.
Тоа се два големи спектакли уште во првата нокаут фаза, но и рано требење на големи екипи кои целат на трофејот. Италијанците фино поминаа.
Осминафиналните двојки
Лајпциг - Манчестер Сити
Клуб Бриж - Бенфика
Ливерпул - Реал Мадрид
Милан - Тотенхем
Ајнтрахт Франкфурт - Наполи
Борусија Дортмунд - Челси
Интер - Порто
ПСЖ - Баерн Минхен
Првите осминафинални двојки се играат на 14/15 и 21/22 февруари, а реваншите се на 7/8 и 14/15 март.
Финалето се игра на 10 јуни во Истанбул