4.742-те гледачи на стадионот Виндсор Парк во Белфаст, веројатно и денеска не се свесни што им се случи во самиот финиш од плејофот во Конференциската лига.
Го имаа в раце првото историско учество во Европа и на крај го загубија на невиден пацерски начин.
На гостувањето против Рига одигра 2:2 откако примија гол во 95-та минута, а дома прокоцкаа нешто што не смееа да си го дозволат.
По 90 минути фудбал кој заврши без голови, Линфилд го отвори резултат во 104-та минута, доволен за групна фаза.
Последната 120-та минута од мечот е приказна за себе. Тргнаа во контра 4 на 1 да го затворат и од готово направија вересија.
Прво се посрамотија пред гол, а 15 секунди подоцна си постигнаа трагедија од автогол за 1:1. Мечот мораше да се одлучува на пенали кои ги добија гостите од Литванија со 2:4.
Линфилд има неверојатни бројки, како на пример вкупно 110 првенствени титули и куп трофеи и заедно со помалите купови брои над 200 трофеи.
Но синоќа не успеа да испише нова страница која тешко дека ќе успее да ја преболи.