Тричковски во осминафинале нагази на премиерлигаш

По извлекувањето на ждрепката во Лига Европа, познати се осминафинлните двојки и во Конференциската лига, третото по ранг клупско европско натпреварување.

Иван Тричковски е единствениот македонски претставник во Конференциската лига кој доби тежок противник во нокаут фазата, а тоа е Вест Хем.

Осминафиналните двојки за играат ист ден со оние на ЛЕ, а тоа се 9 и 16 март, по што ќе следува ждрепка за четвртфиналето.

Осминафинале:

АЕК Ларнака - Вест Хем
Фиорентина - Сиваспор
Лацио - АЗ Алкмар
Лех Познањ - Ѓургарден
Базел - Слован Братислава
Шериф Тираспол - Ница
Андерлехт - Виљареал
Гент - Истанбул Башакшекир

Финалето се игра во Прага на 7 јуни.

Јувентус оди на Фрајбург, Арсенал против Спортинг

 

24 февруари 2023 - 13:22