Рики влезе во клубот 100 на Динамо

Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.

Стефан Ристовски игра во животна форма и реди заслужени успеси во кариерата, а викендов на гостувањето против Осиек стигна до убав јубилеј од 100 официјални настапи за Динамо Загреб.

Искусниот капитен на Македонија ја игра третата сезона на Максимир и има максимален учинок на титули 3/3.

За да ја доловат неговата игра во одбрана, од Динамо Загреб го опишаа со помош на херојот од цртаните филмови Хулк.

„Можеби најдобро би можеле да го опишеме низ форма на блага карикатура: силна енергија, „хулковска“ цврстина во одбрана, сјајни продори по десниот коридор...и така точно 100 пати. Дефанзивецот на Максимир оваа недела му се приклучи на синиот клуб 100“.

„Ако гледаме статистички, јас во цела кариера не сум имал ваква статистика како пролетва. Ама, мене секогаш ми е најважен е колективот, тоа постојано го истакнував сезонава, колективот исфрла индивидуалци. Горд сум на овој тим, но горд сум и на мојот 100 меч. Ова е мој прв клуб за кој сум одиграл толку мечеви и пресреќен сум. Сакам да дојдам до двојно од ова досега“, рече Ристовски. 

Во пролетниот дел од сезоната Ристовски има извонреден учинок и во напад каде учествуваше со 4 гола и 2 асистенции и му се редат само убави моменти на Максимир. Продолжувањето на договорот до 2025-та, нова титула и јубилеј од 100 меча за Динамо.

Тренерите се менуваат, но тој кај сите е прв избор на десната бековска позиција и еден од најважните играчи во соблекувална кој секогаш го остана срцето на терен.

„Ристовски беше платен само 1 милион евра, а веќе повеќекратно му се исплати на клубот. Ги врати вложените пари и на сите ја докажа верноста кон модрите. Денеска е омилен меѓу навивачите“, пишува 24 сата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

Ристовски како водач на БББ бараше да се скандира за Адеми

Вардарци одат во карантин благодарение на Стефан Ристовски

Рики ја реши Ријека и му го посвети голот на Адеми

8 мај 2023 - 10:11