Стефан Ристовски - Man of the match

Динамо Загреб оствари голема гостинска победа во Лига на шампиони, а поранешниот капитен на Македонија доби големо признание.

Стефан Ристовски е прогласен за играч на натпреварот, кој Динамо Загреб го доби против Салцбург на гости со 0:2.

Стрелците на головите беа Кулениќ и Петковиќ и двата на асистенција на македонскиот бек во 49-та и 84-та минута.

Покрај двете асистенции, хрватските медиуми ја величат играта Ристовски дека имал вкупно четири клучни доавања, потоа дека се истакнал со уфрлени топки од прекини (3) и дека имал прецизни долги додавања (4/5).

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслуживме да победиме, а атмосферата беше прекрасна. Го исполнивме она што го договоривме. Ги спречивме нивните контри и одигравме врвна партија. Оваа победа сигурно ќе ги донесе самодоверба по шокот на почетокот. Сакаме да направиме повеќе од ова“, изјави поранешниот капитен на Македонија.

Ова се големи 3 бода Динамо Загреб против клуб кој во последните 17 години, дури 14 пати е првак на Австрија, со низа од 10 титули по ред (2014-2013).

Во првото коло одигра нерешено против Монако дома, па загуби од Баерн на гости.

24 октомври 2024 - 08:59