Динамо Загреб и Бед Блу Бојс му приредија спектакуларно испраќање на Аријан Адеми кој заминува како незаменлив и незаборавен капитен на клубот.
Загрепчани го испратија со овации и скандирање и му приредија многу изненадувања, меѓу кои и прекрасна кореографија преку која му се заблагодарија за сите 373 потења на терен.
Адеми потпиша за Динамо на 16 јуни 2010-та за сума од 400.000 евра и стана голема легенда со 13 сезони. Пружи блескави партии и стана синоним за лидерство и пожртвуваност.
Го напушта Максимир како рекордер со 19 трофеи, најголем број на европски настапи, како и втор со најмногу мечеви во историјата на Динамо.
Навивачите никогаш не штедеа зборови и за него велеа: Капитен за пример, лав, муда, икона, ментална сила, лојалност, загребачки Тоти, мед и млеко, подигнете му споменик.
Дресот на Динамо го носеа ликови како Ладиќ, Модриќ, Бобан, Шукер, Просинечки, Крањчар, Хорват, ама никој не го достигна статусот на Аријан Адеми.