Динамо Загреб слави шампионската титула број 23, никогаш потешка низ годиниве, ама и најслатка, бидејќи ја водеа сè до претпоследно коло против најголемиот ривал Хајдук.
За Адеми е посебна, затоа што се работи за голем јубилеј од 20 трофеи во дресот на Динамо и плус освоен во родниот Шибеник. Динамо славеше 0:2 и во последното коло влегува со недостижни +4 зад второпласираниот Хајдук.
Инаку капитенот и лидерoт се врати во родниот град каде ја почна кариерата во дресот на Шибеник и тоа токму против Динамо на 22 октомври 2008-ма, кога во тимот го имаа Модриќ.
После година и пол, Адеми направи трансфер во Загреб и стана клупска икона и најтрофеен играч во историјата со 20 трофеи. За него ова е 11-та титула, а има освоено и шест Купови и три Суперкупови.
Адеми - Хајдук 20:18 во трофеи. Играчите на крај го кренаа на раце.
Хрватските медиуми ги истакнаа заедно со Оршиќ како најдобри играчи на сезоната, а во статистиката како втор со 6 асистенции влезе Стефан Ристовски, кој е четврти играч со најголема минутажа. Капитенот на Македонија го потел дресот вкупно 2.312 минути.
Загрепчани имаа голема поддршка од Бед Блу Бојс од околу 1.500 навивачи со кои заедно ја славеа титулата.