Гол на Адеми после 6 месеци

Динамо Загреб го совлада Осијек со 2:0. Стефан Ристовски со капитенска лента го одигра цел натпревар, а Аријан Адеми влезе во вториот дел. Во 69 минута од мечот точно знаеше каде да се позиционира за да ја забие со глава од корнер. Трет гол за Адеми сезонава и прв по долга пауза. Динамо Загреб е трет на табела со 49 бода. Хајдук има 54, а Ријека 53.  

 

13 април 2025 - 08:56