Голот на Адеми против Шкупи

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја отвори новата сезона во ЛШ со голови. Капитенот на Динамо го израмни резултат против македонскиот првак кој извади изненадувачки 2:2 на Максимир, а потоа и асистираше за вториот гол.

Аријан Адеми беше стартер во 2. квалификациско коло од ЛШ против Шкупи, а Стефан Ристовски влезе во 77-минута. Големиот борец од средниот ред на Македонија погоди во 44 минута за 1:1.

Шкупи поведе со голот на Кевен по 25 минута игра

Бруно Петковиќ направи пресврт во 86-та минута.

Конечните 2:2 ги постави засилувањето на Шкупи од Јамајка, Реналдо Цепас.

 

 

20 јули 2022 - 08:55