Со настапот против Милан на Сан Сиро, Аријан Адеми стана првиот фудбалер во историјата на Динамо Загреб со 100 европски настапи.
Клубот го испочитув неговиот голем јубилеј и за новиот рекорд му спреми изненадување, торта со амблемот на Динамо.
Адеми е член на Динамо 2010-та. Тој е апсолутен рекордер со 340 настапи, како и најтрофеен играч во историјата на клубот со 20 трофеи.
Инаку неприкосновениот борец од среден ред, стана прв македонски репрезентативец и воопшто наш играч, прогласен за „Man of the match“ во ЛШ и тоа против гигантот Челси кој капитулираше на Максимир во првото коло.
Според објаснувањето на УЕФА, Адеми се покажал како доминантен во средниот ред, имал контрола над топката во првото полувреме, покривал дефанзивно и со пресингот кој го вршел му помогнал многу во одбранбениот дел на Динамо во поголем дел од мечот.