Откако пред неколку години УЕФА на секој меч прогласува „Man of the match“, Аријан Адеми ја има таа чест да стане прв македонски репрезентативец и воопшто наш играч кој го освоил ова признание.
И тоа го стори против великанот Челси, кој инаку ја освои Лигата на шампионите минатата година.
Според објаснувањето на УЕФА, Адеми се покажал како доминантен во средниот ред, имал контрола над топката во првото полувреме, покривал дефанзивно и со пресингот кој го вршел му помогнал многу во одбранбениот дел на Динамо во поголем дел од мечот.
И по кој знае кој пат во кариерата, неприкосновениот борец со проблеми го почнал натпревар.
„Покажавме дека сме силен тим. Тоа многумина го знаеја, но сега демонстриравме сила и против многу квалитетен противник. Игравме добро, се држевме добро и имавме малку пропусти. Петковиќ и Оршиќ беа одлични во нападот, мислам дека заслужено победивме. Пред да излезам на теренот, ми пукна ноктот на палецот и цел бев во крв на ногата. Но, ова беше еден од најголемите натпревари и немаше зошто да го пропуштам“, изјави по мечот Адеми.
Нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери и ги одиграа скоро сите 90 минути (Адеми излезе во 88 минута), а потоа гордо позираа со признанието.
Ademi player of the match +3 points
— FPL Reactions (Louis) (@FPLReaction) September 6, 2022
Yes I know no one cares pic.twitter.com/zMXGVG6edp
ARIJAN ADEMI 💙🏆 @ChampionsLeague Man of the Match ⚡️🔝👏🏻 #UCL #dinamozagreb
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) September 6, 2022
📷 Pixsell pic.twitter.com/7YiXcBBlzB
Следниот предизвик во ЛШ, Динамо го има на гости против Милан на 14 септември.
Рики спаси чист гол против Челси, а потоа испали проектил кој Кепа едвај го одбрани
Голот на Оршиќ за победа кој со топка го претрча засилувањето на Челси вредно 70 милиони фунти.