Човек на одлука на дербито на колото во хрватскиот шампионат беше Аријан Адеми кој со гол во 86-та минута му донесе златни 3 бода на Динамо Загреб.
Со голот на Гнезда Черин, домаќините го отворија резултатот и тоа по само 6 минути игра, но гостите потоа беа подобри и заслужено ја зграпчија победата.
8 минути пред голот на Адеми за победа, резултатот го израмни Емрели.
Адеми го одигра цел меч и капитенски и го реши можеби и клучниот меч за титулата. Ристовски играше до 76-та минута, a Велковски до 82-ра.
Rijeka 1-2 Dinamo (86')
— Everything About HNL (@AboutHnl) April 10, 2022
The captain wins it for Dinamo!!! pic.twitter.com/2F1IHhIhgY