
Динамо ја отвори новата европска сезона на сјајен начин, со победа над Фенербахче (3:1) во 1. коло од Лигата на Европа. Всушност, Модрите само продолжија таму каде што застанаа.
Велат дека историјата е учител на животот, а што можеме да научиме од фактот дека Динамо загуби само два пати (Рапид Виена, Вест Хем) на последните 20 натпревари во групната/лигашката фаза од Лигата на Европа? Дека долго време се сериозен европски тим и тоа е јасно како ден.
И она што е уште поважно за голем дел од навивачите на Динамо, особено оние од северната трибина на Максимир, „балканскиот мит за успехот на бегалецот Здравко Мамиќ е уништен“, како што го нарекува заедницата на Динамо на популарната социјална мрежа Редит.
Ги споредуваат европските успеси на Динамо во седум сезони пред и по бегството на Здравко Мамиќ во БиХ.
Во Лигата на шампионите, Динамо Загреб оствари само една и единствена победа (против Арсенал), во последните седум години од владеењето на Намиќ.
По неготово заминување добија 5 меча и тоа против екипи како Челси, Милан, Аталанта...Потоа нерешените резултати ги зголемија од еден на 5, а поразите ги намалија од 22 на 10.
Во Лигата на Европа бројките се уште поимпресивни. 12 победи во споредба со само 2 во ерата на Мамиќ и само 2 порази наспроти 9 во последните седум години на Здравко Мамиќ.