Динамо Загреб одигра 3:3 на Максимир во последното коло од хрватскиот шампионат, резултат без никакво значење, со оглед на веќе претходно завршената работа околу прашањето за титулата.
Модрите ја заверија титулата на 11 мај на гости против Осијек со победа од 0:1 која им ја донесе Аријан Адеми. Ја освоија благодарение на фантастичната форма во 2024-та откако влегоа во серија од 14 меча без пораз.
Само 11 дена подоцна пристигна трофејот во Купот откако ја добија Ријека на гости со 1:3. Првиот дуел заврши без голови.
Инаку серијата на трофеи во сезоната 2023/2024 ја стартуваа на 15 јули во Супер Купот против Хајдук кога на свој терен го добија со 1:0.
Динамо Загреб е неприкосновен владетел во хрватскиот фудбал со вкупно 50 трофеи од независноста или 25 шампионски титули, 17 Купови и 8 Супер Купови.
Аријан Адеми е рекордер во историјата на клубот со 24 трофеи, а Стефан Ристовски има 8.
Хрватските медиуми пишуваат дека со оглед на тоа што ова беше најзахтевна и најслатка сезона за Динамо, клубот одлучил тројната круна да ја прослави заедно со навивачите на плоштад и тоа за прв пат после 2007-ма година.