Атлетико бркаше победа по секоја цена за да остане во игра за осминафинале, кое ќе го добиеше со евентуален триумф во меѓусебен дуел со Порто на гости.
Но момците на Атлетико беа на маки уште на полувреме во кое губеа 1:2, па израмнија уште на стартот на вториот дел.
Во судиското продолжение добија пенал со ВАР. На белата точка застана Караско кој го направи невозможното, бидејќи поради него топката два пати не влезе во гол.
Прво промаши, а потоа од одбиена ја изблокира, а одеше во гол. Два пати им се одби топката. Да се породи и тренер и навивачи и сите што ја чекале на спортска.
Паралелно, во Лондон и таму домаќините им приредија невиден стрес на навивачите кои исто така губеа на полувреме.
Но со голот на Бентакур, Тотенхем израмни, а во 95-та минуита Хари Кејн постигна гол за 2:1.
Судијата го поништи со ВАР, а Конте доби црвен картон.
За Атлетико ова значи елиминација, а за Тотенхем нова драма, бидејќи во последно коло игра со Марсеј на гости и ако изгуби може да биде елиминиран.