Лига Европа се чини никогаш не била посилна како во моментов зошто од Лига на шампиони во овој турнир доаѓаат некогашни европски шампиони и освојувачи на Лига Европа кои испаднаа од елитното друштво.
Македонија има четворица претставници во Лига Европа. Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб, Елиф Елмас со Наполи и Бобан Николов со Шериф ги добија своите ривали.
Некогашниот голман на Валенсија и Севиља, Андрес Палоп му асистираше на генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети во извлекувањето на паровите:
СЕВИЉА - ГНК ДИНАМО ЗАГРЕБ
АТАЛАНТА - ОЛИМПИЈАКОС
РБ ЛАЈПЦИГ - РЕАЛ СОСИЕДАД
БАРСЕЛОНА - НАПОЛИ
ЗЕНИТ - БЕТИС
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - РЕНЏЕРС
ШЕРИФ - БРАГА
ПОРТО - ЛАЦИО
Натпреварите од 1/16 финале се играат на 17 и 24 февруари 2022 година, а ждрепката за осминафинале каде веќе чекаат првопласираните тимови од групна фаза е планирана за 25 февруари.
Осминафиналето е закажано за 10 и 17 март, четвртфиналето на 7 и 14 април, полуфиналето за 28 април и 5 мај а големото финале ќе се игра на 18 мај 2022 година на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља.
Knockout round play-off draw ✅
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 13, 2021
🤩 Which game are you looking forward to most? #UELdraw | #UEL pic.twitter.com/J7q7sJDiCs