Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Објавена е револуција. Ја објавија најмоќните светски фудбалски клубови. Според нивна замисла веќе нема да може Порто да стане европски првак или Ајакс да го посрамоти Реал во Мадрид или Црвена Звезда да го сруши Ливерпул или Бате Борисов да направи сензација со Јувентус.

ШТО СЕ СЛУЧИ?

12 клуба: Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Челси, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Интер, Милан и Јувентус објавија создавање Суперлига. Најбогатите европски клубови не сакаат да ги делат приходите со поскромните клубови и со УЕФА.

Европската фудбалска унија (УЕФА) најави дека ќе одговори жестоко и дека клубовите кои ќе играат во новиот турнир Суперлига кои сами го основаат, ќе добијат суспензија на сите домашни и меѓународни натпреварувања а играчите нема да можат да играат за своите репрезентации.

КОЈ Е ИНИЦИЈАТОР?

Андреа Ањели и Флорентино Перез. Италијанецот не настапи само како претседател на Јувентус туку и како шеф на Европската асоцијација на клубови (ECA) која ги претставува интересите на 246 европски клубови.

Но Ањели синоќа дал оставка во Асоцијацијата.

Претседател на новата Суперлига ќе стане Флорентино Перез а негови заменици и потпретседатели се Џоел Глејзер (сопственикот на Манчестер Јунајтед) и Ањели (Јувентус).

Претседателот на Реал бил толку убеден во идејата за Суперлига што успеал да ги убеди и луѓето од Барселона.

„Создавањето на таа Суперлига отсекогаш беше желба на претседателот на Реал. Тој долго време работеше над ттоа, над нешто ново. Порано Барселона имаше свое мислење за работата со Ла Лига, УЕФА и ФИФА, но во последните три години и тие тргнаа по Реал“, вели Хавиер Тебас, првиот човек на елитната шпанска Ла Лига.

СО ЧИИ ПАРИ?

Познато беше дека прв фаворит за генерален спонзор на евентуална Суперлига беше банкарскиот гигант JP Morgan кој е спремен да вложи страшни 4,6 милијарди фунти во ваква идеја. Самата банка смета дека ќе си ги врати средствата од идни приходи од продажба на права на преноси.

Суперлигата ја поддржуваат и Key Capital Partners, компанија која се занимава со стартапи и проекти во рана фаза. Во оваа компанија од 2007-ма година биле вложени 100 милиони фунти и таа може да привлече нови други спонзорски партнери.

Според Corriere dello sport, DAZN е спремен да плати неверојатни 3,5 милијарди евра за тв права од оваа елитна Суперлигаш иако Reuters пренесе дека овој богат бродкастер демантирал вакви инфорамции.

СТРАШНИ ПАРИ ВО ИГРА

15-те клубови основачи на Суперлига ќе добијат по 3,1 милијарда фунти (суми од 89 милиони до 310 милиони фунти) за развој и како поддршка при пандемијата.

Парите ќе може да ги потрошат на модернизација и одржување на стадионите, тренинг објекти или враќање на загуби предизвикани од празни стадиони поради глобалниот вирус. 

КАКОВ ЌЕ БИДЕ ФОРМАТОТ?

Според планот на создавачите, во Суперлига ќе треба да има 20 клуба: во две групи со по 10 клуба.

Во секоја група секој ќе игра со секого во два круга, што значи дека секој учесник гарантирано ќе одигра 18 меча. Во новиот формат на Лига на шампиони се играат максимално 10.

Суперлига ќе почне во август.

Дуелите ќе се играат среде недела наместо Лига на шампиони, за екипите да може да играат во домашни првенства, ако им допушти УЕФА. Од групите понатаму одат најдобрите три екипи а четвртиот и петтиот ќе играат два меча за плејоф.

Четвртфинале и полуфинале ќе се игра во два меча (со реванш) а финалето ќе се игра на крајот од мај - еден дуел на неутрален терерн.

Основачите планираат набрзо да пуштат и женска верзија на оваа Суперлига по ист принцип.

Во име на Барселона реши нејзиниот претходен претседател, Жозеп Бартомеу кој на прес-конференција објави за оваа идеја.

КОЈ ОДБИЛ И ОСТАНАЛ ВЕРЕН НА ТРАДИЦИЈАТА?

Познато е и дека Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и ПСЖ не ја поддржале идејата. The Athletic и New York Times пишуваат дека германските гиганти не сакале да се откажат од традиционалните турнири и натпреварувања на кои се навикнати.

Пари Сен Жермен смета дека учеството не треба да се ограничува само на богатите клубови а претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е и во советот на директори на УЕФА а ја води и beIN Media Group кој веќе платил милиони на УЕФА за право на преноси на Лига на шампиони.

ЗОШТО БАШ СЕГА ВАКВА СУПЕРЛИГА?

Новиот формат на Лига на шампиони беше презентиран во март, но УЕФА не договори точен датум за почеток на новиот формат со Асоцијацијата на европски клубови.

На денот пред објава за новиот формат на заседанието на УЕФА, ECA (Асоцијација на европски клубови во чиј комитет влегуваат 17 најбогати клубови) соопштила дека тие се уште не постигнале внатрешен договор по сите прашања за новата ЛШ.

Главна претензија на овие богати клубови е што сакаат поголема власт и можност активно да учествуваат во поделба на комерцијални и управувачки прашања. Со еден збор: да не ги делат милионите со УЕФА туку межу себе.

The Athletic пишал дека УЕФА е спремна да отстапи дел од контролата на клубовите но сака да го сочува правото на вето на одлучување по клучни прашања и да добие гаранција за приходи како досега.