Пред мечот Барселона - Хетафе кој заврши 5:2, гостите како што налага традицијата во Шпанија, со убав коридор ги пречекаа домашните играчи на теренот за да им честитаат на големиот трофеј освоен во Купот минатата сабота.
Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.
Сопственикот на Фенвеј спорт групата, милионерот од САД, Џон Хенри кој е газда и на Ливерпул, во видео порака им се извини на навивачите и на Клоп за глупоста која што ја направила управата.
Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус “се изнаиграа“ фудбал во лигата која ја стопираа 48 часа по формирањето. Победи традицијата. Барем за сега.
Паралелно со Суперлигата, се крчка нешто јако, кое стана и официјално. Пет балкански екипи и го зададоа првиот удар на елитната Суперлига и создадоа своја, Бетон Суперлига. Таму нема да има пари, туку прав фудбал кој се состои од дружење, поврзување, забава, хуманитарна работа...
Од вчера до денес немаше ниту еден позитивен коментар во врска со формирањето на Суперлигата, туку само критики, критики и само критики од сите страни. Оваа критика е многу реална и со факт ја уништува приватната фудбалска забава на елитата.
Аргентинскиот тренер Марсело Биелса е еден од последните романтичари во современиот модерен фудбал. По синоќешниот меч против Ливерпул на кој неговиот Лидс се избори за бод (1:1) во самиот финиш, Биелса кажа свое мислење за Суперлигата.
Големите клубови кои ја поддржаа идејата за своевидна приватна Суперлига, друштво на елита, најбогатиот крем на фудбалот, не ни претпоставуваа каков ќе биде одговорот на јавноста, на УЕФА, па и на државните влади и министерства.
„Сиромашните го создадоа, богатите го украдоа“, вели паролата која го отсликува денешниот фудбал во канџите на милијардерите и профитерите, како и создавањето на новата лига. Лига за богати кои сакаат да се дистанцираат и да бидат уште побогати.
Еден од 12-те клубови кои решија да се одметнат и да прават своја богата Суперлига, лондонски Тотенхем претпладнево решил да му врачи отказ на Жозе Мурињо, наводно поради тоа што им се спротивставил.
Додека Европа ја тресе фудбалска револуција во која 12 најбогати клубови решија да основаат Суперлига, ирскиот малку познат клуб Бреј Вондерерс ги собра сите симпатии на интернет откако и они објавија што мислат за Суперлигата.
Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.