Пред почетокот на дуелот Лидс Јунајтед - Ливерпул играчите на домаќинот го изнесоа својот став преку порака испишана на маиците: „Лига на шампиони: Заслужете си место. Фудбалот е за навивачите“.
Тренерот на екипата Марсело Биелса после натпреварот со Ливерпул чија управа се согласила да биде дел од Суперлигата па ги разгневи навивачите, изјави дека се противи на таа идеја.
„Секако дека тоа му штети на фудбалот. Сепак ова не би требало никого од нас да изненади. Посилните клубови мислат дека имаат најголемо влијание на заработката во фудбалот. Нивната логика е дека не им требаат други, дека можат парите да си ги делат меѓу себе и да заборават на останатите. Спортот е сјаен зошто им дава можност на послабите клубови да се развиваат и да блеснат. Меѓутоа логиката во светот, а фудбалот не е исклучен од тоа, е богатите да станат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни“.
Boos and chants of ‘scum’ as the #LFC team coach arrives at Elland Road pic.twitter.com/3O4txDdCVy
— James Pearce (@JamesPearceLFC) April 19, 2021