По една ипол сезона на клупата на Спарс, Мурињо доби отказ. Португалецот наследи екипа која играше во финале на Лига на шампиони и активно се бореше за титула во Премиер лига, а сега во моментов е 7-мо пласирана во англиското првенство и далеку од место во првите 4 кое води во Лига на шампиони.
Но дали во тоа лежи одлуката за отказ?
Англиски корисници на Твитер пренесуваат дека Тотенхем го отпуштил Мурињо по експлозивно сабајле каде тој одбил да ја изведе екипата на тренинг поради одлуката на клубот да се приклучи на Суперлигата.
Tottenham sacked Jose Mourinho after an explosive morning where he refused to take the squad onto the training ground over the club’s proposed European Super League admission. pic.twitter.com/EiXHGVDny2
— Theo (@Thogden) April 19, 2021
Тотенхем лани заврши на шесто место во Премиер лига, а сезонава брутално испадна од Лига Европа по поразот 3:0 од Динамо Загреб.
Единствена шанса за трофеј сезонава на Спарс им е финалето на Карабао Купот (Лига Куп) во недела против Манчестер Сити.
The Athletic пренесува дека управата на Тотенхем била незадоволна од резултатите и што се далеку од Лига на шампиони. Исто биле незадоволни од постојаната критика на Мурињо до играчите јавно и отворено.
ФУДБАЛСКА ЕВРОПА ЈА ПОТРЕСЕ ЗЕМЈОТРЕС, ДОЦНА ВЕЧЕР ОСНОВАНА СУПЕРЛИГА, УЕФА БЕСНЕЕ