Излезе химната на Бетон Суперлига

Паралелно со Суперлигата, се крчка нешто јако, кое стана и официјално. Пет балкански екипи и го зададоа првиот удар на елитната Суперлига и создадоа своја, Бетон Суперлига. Таму нема да има пари, туку прав фудбал кој се состои од дружење, поврзување, забава, хуманитарна работа...

Денеска ја промовираа химната која грми по сите основи, а првата фудбалска сцена е онаа најепската од кај нас. Македонија има свој претставник, тоа е Осогово кој е и дел од основачите. Стартот на видеото е најлуд на свет, а и сè друго е јако со се музиката. Има и рафали. Партали е клипов.

Досегашните учесници

20 април 2021 - 15:02