Лисецот Берлускони уште пред 33 години правеше Суперлига

Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.

На 19 април Андреа Ањели соопшти дека се создава нова Суперлига и направи земјотрес во евро фудбалот. Најпопуларните клубови на светот преку ноќ станаа олицетворение на спортско зло.

Одамна и јавно компромитираната УЕФА одеднаш стана симпатичен чувар на традицијата. Обидот за преврат ги обедини навивачите на Милан и Интер, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Лига на шампиони стана симбол на некои вековни принципи но историјата се повторува, се врти во круп. Пред 30-ина години беше основана Лига на шампиони по исто барање за Суперлига како деновиве.

И тогаш сè почна во Италија. Во Милано пристигнал претседателот на Реал Мадрид, Мендоза кој бил блиок пријател со Берлускони и почнале разговори околу нова европска фудбалска лига.

БЕРЛУСКОНИ БИЛ ФРУСТРИРАН ШТО ТОП КЛУБОВИТЕ МОЖЕ ДА ИСПАДНАТ ОД ПОМАЛИТЕ

Во февруари 1986-та година Силвио Берлускони го купил Милан. На промоцијата го кренал на нозе цел град - правел шоу со авиони и динамика на небото, хеликоптери летале на сите страни.

Пола година подоцна решил да го разбуди и старомодниот фудбал.

Во олд-скул индустријата на '80-те години немало ништо од современа глобализација. Фудбалот бил исклучиво локална тема. Навивачите исто живееле за фудбал, но интересот беше ограничен во рамки на емоциите. Фудбалот не беше гледан како шоу бизнис. 

Малку кој тогаш гледал странски лиги или клубови како денес.

Фудбалот беше игра а не производ. Но имаше и такви кој видоа потенцијал.

Кога во септември 1987-ма година Наполи и Реал Мадрид се паднаа еден против друг во првата рунда од Купот на Европски шампиони, најмногу се нервирал Силвио Берлускони. Му било бесмислено турнирот да има само 5 рунди и да испаѓаат големите. Мислел дека тоа е залудно трошење ресурси.

„Купот на европски шампиони стана анахронизам. Тоа што клубови како Милан може да испаднат во прва рунда е економска глупост“, рекол Берлуска и се фатил за работа.

Во 1988-ма година Силвио објавил план за разработка на нова лига. Мотивите и целите беа исти како и денес.

„Нужно е еврокуповите да бидат вметнати во континентална лига која гарантира финансиска стабилност. Топ клубовите со голема навивачка база и соодветни приходи треба да играат меѓу себе“, рекол Берлускони во интервју за Corriere della Sera. 

За создавање на овој проект, Берлускони бил во чекор пред времето и ја ангажирал маркетинг компанијата Saatchi & Saatchi. Неколку месеци подоцна директорот на англиската канцеларија на оваа фирма, Алекс Фин претставил програма од 10 точки за нов турнир во Европа.

Планот одговарал на потребите на Берлускони.

Новата лига би се состоела од 18 клуба: по три од секоја од четирите топ лиги плус Франција, Португалија, Холандија, Белгија и Шкотска. Немало нокаут натпревари.

„Давид може да го победи Голијат и Берлускони сметаше дека треба да се стави крај на тоа. Главна цел беше што повеќе натпревари меѓу топ клубовите кои лесно продавале ТВ права“, објаснил Фин. 

На крајот од 1988-ма правилникот на новата лига бил спремен. Не го разбирале сите и не го прифатиле еднакво добро, но многумина сфатиле дека еволуција е неизбежна.

„Берлускони беше пророк. Он ја виде иднината. Неговата филозофија заврши во тоа што фудбалот стана шоу“, се сеќава агентот Мартин Шутс во интервју за Independent.

ИМАЛО И ШКОТСКИ ПЛАН АМА НЕ БИЛ ДОБАР КАКО ПЛАНОТ НА БЕРЛУСКОНИ

Рамнотежата на силите на крајот од '80-те години се разликува светлосни години од оваа денес. Лидери на британскиот фудбал не беа англиските кои ги исфрлија од Европа по трагедијата на Хејсел во Брисел, туку главни беа шкотсите клубови, во прв ред Ренџерс.

Ниту на Шкотите не им се допаѓал системот.

„Ние можевме да испаднеме уште во прва рунда. Памтам дека еднаш испаднавме од Осасуна во сезоната 1985/1986. Сите клубови на наше ниво си го поставија прашањето: како да се создаде еврокуп кој ќе гарантира најмалку шест меча. Од тој момент се почна“, раскажува тогашниот генерален секретар на Ренџерс, Кембел Огилви.

На крајот на '80-те и Огилви се договорил со претседателите на други големи клубови и претставил план за реформа на Купот на европски шампиони.

Лигата според нив требало да биде отворена, да се почне со групна фаза и да се оди во нокаут но УЕФА го одбила овој проект.

ПЛАНОТ НА БЕРЛУСКОНИ БИЛ БЛЕФ ДА СЕ ЗАПЛАШАТ ЧИНОВНИЦИТЕ ВО УЕФА

УЕФА во тоа време не беше моќна како денес. Но не била ни толку напаѓана од јавноста за мито и корупција како денес.

За да се направи збрка во бирократската машина, требал некој бум.

Силвио Берлускони станал нужно зло. Тој како магнат објавил дека наскоро ќе презентира програма за нова лига. Во неа немало место ни за Куп на европски шампиони, ни за УЕФА.

Европскиот фудбал се потресол и збунил како деновиве.

„Силвио Берлсукони го искористи проектот како Тројански коњ за да ги засили своите аргументи. Кога Берлускони го почна расколот дури и УЕФА обрна внимание. Силвио беше опасен што тој стварно имаше ресурси да го направи замисленото. На крајот УЕФА била таа што одлучува па тој сфатил дека само со закана може да ги принуди на промени, корисни за неговиот клуб и бизнис. Така и се случи“.

Проектот на Берлусони бил грандиозен блеф но проработел. Директниот напад кон УЕФА успеал повеќе од планот на Огилви. Стравот да изгубат власт ги приморал луѓето од УЕФА, генералниот секретар Герхард Ајгнер и Ленард Јохансон да менуваат нешто.

И на крај се прифатила идејата на Огилви.

Во 1991-ва година 35 земји-членки на УЕФА изгласале создавање на Лига на шампиони со квалификации и групна фаза. Концептот успеал и тој го гледаме ден денес со некои промени. Пред неколку дена УЕФА одново донесе реформи кои беа апсурдни затоа што одново им се овозможи на најбогатите клубови да можат да се пласираат во Лига на шампиони дури и ако не остварат пласман преку домашните првенства.