Барселона минатиот викенд со 4:0 го потопи Атлетик Билбао во финале на шпанскиот Копа дел Реј па играчите на Хетафе им направија коридор, но церемонијата беше необична затоа што гостинските фудбалери на себе носеа црни маички со натпис: „Заслужи“ од предна страна и „Фудбалот е за навивачите“ од задна страна на грбот.
Интересно шпанска Ла Лига реши сите натпревари да бидат пренесувани со натписот „Заслужи“ во долниот десен агол од кајронот. Овој термин го употребуваат повеќе клубови во Европа и е наменет на оние кои сакаа да направат Суперлига и така да имаат директно место во кремот на европскиот фудбал без притоа да му ја мислат дали ќе се пласираат преку првенство или Куп.
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјави дека Барселона го разочарала најмалку од сите останати заговорници на Суперлига:
„Лапорта се наоѓа под голем притисок поради финансиски проблеми. Тој наследи таква ситуација во клубот не поради своја вина. Во такво време, Лапорта којшто важи за итар преговарач, бара стратегија за излез од кризата“.
Лапорта и покрај притисокот од навивачите да се откаже од идејата за Суперлига, тој остана последен со Флорентино Перез од Реал Мадрид кои уште отворено и јавно не се огласиле против формирање Суперлига.
Барселона синоќа со 5:2 го совлада Хетафе и ја продолжи неизвесната трка во шпанска Ла Лига каде Атлетико е прв со 73, Реал Мадрид втор со 70 а Барселона трета со 68 бода но и меч помалку.