Норвешкиот селектор Стале Солбакен е краток и јасен со својот коментар во кој опфаќа три клубови кои се дел од 12-те кои ја формираа лигата.
„Андреа Ањели беше еден од водечките луѓе на оваа идеја. Во последниве години тие беа елиминирани во Лига на шампиони од Лион, Порто и Ајакс. Па зошто треба да бидат дел од еден таков турнир? Тотенхем и Арсенал па не се ни во топ 20 до 30 најдобри клубови во Европа“.
Солбакен практично се осврнува на последните три сезони во ЛШ во кои Јуве во сезоната 2018/2019 беше елиминиран во четвртфинале од Ајакс со вкупни 3:2, следната 2019/2020 во осминафинале не успеа да го помине Лион, а годинава во истата фаза следуваше кикс против Порто.
Иронијата е поголема што на првиот човек на Јувентус овие три противници нели не му беа доволно атрактивни или гламурозни.
Инаку Суперлигата ќе биде составена од 20 клубови, од кои 15 се основачи, кои нема да испаѓаат. Ќе постои механизам за квалификации за уште пет екипи на годишно ниво врз основа на постигнувањата од претходната сезона.
Ќе има испаѓање и промовирање нови тимови врз основа на спортски заслуги, но нејасно е како ќе бидат избирани. Предвидено е да стартува уште во август годинава.