На 18 април ја донесоа, на 20-ти ја прекинаа. Толку траеше еуфоријата со Суперлигата која на некој начин успеа да го обедини фудбалскиот свет, кој жестоко застана против идејата елитата да се отцепи од традицијата и да се богати во сопствена режија.
Крахот беше јасен откако синоќа први кренаа рачна сите шест англиски екипи без кои јасно дека e залудно да продолжи идејата. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем се откажаа први, а најава за повлекување има и од двете екипи од Милано.
Раководството на Суперлигата привремено го суспендира проектот, но не се откажува целосно и најавува промени во иднина.
„И покрај најавата на англиските клубови дека ја напуштаат лигата, иако тие беа подложени на сериозен притисок за ова решение, ние сме убедени дека нашиот предлог е целосно коректен кон сите европски закони и регулативи. Ќе ги преразгледаме мерките за промени на овој проект, бидејќи секогаш ќе имаме предвид да им предложиме на фановите најдобро задоволство и да ја потврдиме солидарноста кон целата фудбалска заедница” стои во дел од нивното соопштение.
Освен од самите автори, Суперлигата изминативе два дена не извади ниту еден убав збор од устата на ниту едно фудбалско име. Напротив следуваше бура од реакции на фудбалери, тренери, првенства, но пред сè од навивачкиот свет кој изврши голем притисок.
Први реагираа навивачите на Ливерпул кои отворено се изјаснија дека се против, а потоа на протест излегоа навивачите на Челси каде се појави и Петр Чех.
Газдите на гигантите кои стојат зад оваа лига практично ја почувствуваа моќта на навивачите кои не сакаат да бидат дел од лига за богатење на богатите.
Марка и покрај тоа што важи за медиум близок до Реал Мадрид го исмеја Флорентино Перез со многу јака насловна дека лигата е Супер смешна.
Гери Невил прво ги отера у три лепе сите англиски екипи, а синоќа наздрави за победата
To The Super League 🥂 pic.twitter.com/zcHbsJ0DG0
— Gary Neville (@GNev2) April 20, 2021
Карагер па ги погреба
#SuperLeague 😂😂😂 pic.twitter.com/aPvG28agWF
— Jamie Carragher (@Carra23) April 20, 2021