Еден од главните идеолози на Суперлига е претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кој заедно со Флорентино Перез од Реал Мадрид го водат „орото“ околу нов богат турнир само за елитата.
До толку се намерачени на основање Суперлига што Ањели во неделата вечер ја напуштил позицијата шеф на Асоцијација на европски клубови (ECA) и дал оставка во Извршниот комитет на УЕФА.
Велат дека Ањели со Перез сега се главни непријатели на УЕФА.
Kids grow up dreaming to win the World Cup and the Champions League - not any Super League. The enjoyment of big games is that they only happen once or twice a year, not every week. Really hard to understand for all football fans out there...⚽💔
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) April 19, 2021
А пред само две години Ањели отворено зборуваше дека не поддржува идеја за Суперлига и дека смислил нова шема за Лига на шампиони.
Во 2018-та година Football Leaks објави тајни документи од кои стана јасно дека најголемите фудбалски клубови: Баерн, Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Барселона, Јувентус и Манчестер Јунајтед, наводно водат преговори да излезат од УЕФА и да создадат сопствена Суперлига.
Ањели остро демантираше во 2018-та:
„Ние никогаш не сме виделе таков документ и не сме учестувале во негово создавање. Наша обврска е да го сочуваме големото наследство на европскиот фудбал, но должни сме и да го заштитиме пазарот, треба да мислиме за идните пазари.
Треба да мислиме за Полска, да мислиме за земји како Турција, да мислиме на Русија. Навивачите можат да бидат сигурни дека ако створиме нов проект, дека во него ќе учествуваат сите навивачи од цела Европа“.
Подоцна Ањели изјавил и:
„Иднината уште не е одлучена, но во име на Јувентус јас можам да ја одбијам идејата за Суперлига“, уверувал претседателот на Јувентус Андреа Ањели на прес-конференција во Брисел во ноември 2018-та.
До него тогаш седел претседателот на УЕФА, Александар Чеферон кој додал: „Суперлига никогаш нема да има“.
Во 2019-та година газдата на Јувентус одново ја потврдил приврзаноста на најбогатите клубови кон УЕФА кога презентирал нова шема за Лига на шампиони.
Кога го прашале во што неговиот план за реформа во Лига на шампиони се разликува од Суперлига, тој одговорил дека интересите на малите клубови ги штитат обновената Лига Европа и третиот еврокуп Лига на конференции која ќе стартува од сезоната 2021/2022.
Парадоскално, на 18 април 2021 година Андреа Ањели заедно со претседатели на 11 други енормно богати клубови најави создавање на Суперлига во догледно време и напуштање на концептот на Лига на шампиони од УЕФА при што направија земјотрес во европскиот фудбал.
А УЕФА?
УЕФА само неколку часа подоцна, на 19 април 2021 на свое заседание изгласала нов формат во Лига на шампиони кој ќе почне од сезона 2024 и кој на прва изгледа поголема фарса дури и од идејата за Суперлига
BREAKING
— DW Sports (@dw_sports) April 19, 2021
UEFA approve the suggested Champions League reform, which will take place from 2024. pic.twitter.com/9sVkuF2mBp