- Рене Реџепи го напушти престижниот ресторан Нома, по лавината обвинувања од поранешни вработени дека ги малтретирал, физички ги напаѓал и создавал токсична работна средина во кујната.
- „Извинувањето не е доволно. Ја преземам одговорноста за моите постапки... По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, решив да се повлечам и да им дозволам на нашите извонредни лидери сега да го водат во неговото следно поглавје, порача готвачот со македонско потекло.
- Токму вчера Нома требаше да отвори 16-неделен поп-ап ресторан во Лос Анџелес, со мени од 1.500 долари по гостин. Резервациите биле распродадени за само три минути. Но, по низата обвинувања до Реџепи за злоупотреба, повеќето корпоративни спонзори ја откажаа поддршката.
- Реџепи го основаше ресторанот Нома во Копенхаген во 2003 година и беше главен готвач. Ресторанот има три Мишелин ѕвездички и пет титули најдобар ресторан во светот.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.