Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Иран гаѓа танкери, нафтата скокна над 100 долари

12 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Цената на нафтата повторно се качи над 100 долари за барел откако Иран погоди два танкери и уште четири бродови во водите околу Ормускиот проток. 
  • Танкерите биле запалени во ирачки води, откако во нив удриле бродови со експлозив. Уште четири товарни бродови биле погодени со проектили. Ирак итно ги затвори своите пристаништа.
  • Тоа предизвика нов скок на цената на нафтата, иако Меѓународната агенција за енергија објави дека ќе ослободи 400 милијарди барели нафта од резервите за вонредни ситуации – најмногу од кога било досега. Тоа количество е доволно за да ги задоволи потребите за околу 4 дена.
  • САД независно објавија дека ќе ослободат 172 милиони барели нафта од сопствените резерви од вкупно 415 милиони барели, за да ги стабилизираат цените на горивата на домашниот пазар. Ќе бидат потребни 120 дена за испораките.
  • Иран се закани дека нападите врз бродовите ќе продолжат. „Подгответе се нафта од 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, објави портпарол на иранската воена команда. 
  • Доналд Трамп изјави дека Ормускиот проток е во „одлична состојба“, откако САД уништиле 58 брода на иранската воена морнарица: „Им ги уништивме сите бродови. Имаат некои проектили, ама не многу“.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како политичката коректност го замолче Лу Рид

Уште еден медиум ги укина коментарите на сајт

Живот

Не постои ЛГБТ таблица на множење

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy