Ѓоковиќ во Париз урна четири историски рекорди и сега ги држи најголемите достигнувања

Веќе после Вимблдон Новак Ѓоковиќ сè почесто го ословуваат како најголемиот тенисер во историјата, тој на УС Опен можеше да ја затвори секоја дебата, но Русинот Данил Медведев го спречи во финале да дојде до календарски Гренд Слем и 21. титула во кариерата.

После настаните на УС Опен, еден од неговите омилени турнири, Новак зема двомесечна пауза, а минатата недела се врати на теренот, и во Париз стигна до нов пехар при што урна и четири големи рекорди:

- Си загарантира прво место на светската ранг листа на крајот од сезоната. По седми пат ја завршува годината како светски број 1 што е најмногу во историјата на машкиот тенис.

- Првото место на крајот на годината го загарантира со освоени поени на 10 турнири. Ова е рекорд во една сезона, претходниот го држеше Рафа Надал на кого му требаа 13 турнири да освои поени за да биде прв на крај на сезоната.

- Новак ја освои 37 титула на Мастерс турнирите и сега е прв на оваа листа која долго време ја делеше со Рафа Надал.

- Во првото коло во Париз Новак ја забележа 418. победа како првопласиран тенисер на ранг листата и го урна дотогашниот рекорд на Роџер Федерер.

После турнирот во Париз, поразениот финалист Медведев го прашале дали достигнувањата на Ѓоковиќ добиваат помалку признанија отколку рекордите на Федерер и Надал, а Русинот одговори дека се согласува и дека е така, но Србинот сега ќе го уважуваат многу повеќе сите. А на долга перспектива очекува Новак уште посериозно да ја зацврсти репутацијата.

„Доаѓаат нови генерации луѓе кои ќе ги гледаат резултатите само на Википедија а таму сите рекорди се во полза на Новак. Тогаш ќе почнат да сфаќаат какви страшни работи постигнал он“, изјавил Медведев.

Сега речиси сите рекорди во светот на тенисот се на страна на Новак, или се негови или ги дели со некој.

Новак има 20 Гренд Слем титули колку што имаат Федерер и Надал. Притоа пред само 3,5 години после Ролан Гарос 2018, Новак имаше 12 Гренд Слем титули, заостануваше дури 8 зад Федерер! Од тогаш се одиграа 13 Гренд Слем турнири а Новак освои 8!

Годинава Србинот стана единствен машки тенисер кој ги освоил сите Гренд Слем пехари по најмалку два пати.

Ѓоковиќ ги освои и сите девет Мастерси на светот и тоа по најмалку два пати. Ниеден друг тенисер не стигнал до 8 освоени Мастерси од вкупно девет.

После триумфот во Париз, Новак Ѓоковиќ освои 62 големи турнири (Гренд Слемови, Мастерси, други големи турнири). 

Уште во март 2021 српскиот тенисер ги урна рекордите по бројот на последователни недели (по ред) на прво место. Сега има 346 недели и уште не се гледа крајот на неговата доминација од позиција број 1.

Во историјата на тенисот подолго лидер на рејтингот била смао Штефи Граф - 377 недели!

Уште на УС Опен Новак го израмни а после и го урна рекордот на Федерер по бројот на победи против тенисери од Топ10. Во Париз додаде уште два триумфи над играчи од Топ10 и сега има вкупно 227!

Новак Ѓоковиќ има и најдобар процент на победи во историјата на машкиот тенис - победил 83,2% од одиграните натпревари. На второ место е Рафаел Надал со 83,1%.

КОИ РЕКОРДИ ЃОКОВИЌ НЕ ГИ УРНАЛ?

- Вкупен број на титули. Има 86 (петти резултат во историјата). Прв е легендарниот Џими Конорс со 109 титули.

- Вкупен број победи во кариерата. Досега Ноле има 982 (петти резултат), а прв е Конорс со 1.274 триумфи.

- Рекорд по титули во една сезона - Род Лејвер во 1969-та освоил 18.

- Рекорд по број на титули на еден ист турнир - Надал Ролан Гарос го освои страшни 13 пати. Најмногу Ѓоковиќ има 9 титули освоени на Австралија Опен.

Факт е дека некои рекорди Новак ќе ги достигне и урне, некои можеби не, но во најголемиот број основни категории во светот на тенисот тој е лидер во моментов.

10 ноември 2021 - 09:32