Надал и Федерер му пратија поздрави на Новак

По големиот триумф на Вимблдон 2021, Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе му требаат неколку дена да се одмори, да се освежи па ќе се изјасни околу тоа дали ќе игра на Олимписки Игри во Токио.

Рекетот број 1 на светот е во недоумица затоа што во август и септември би можел на УС Опен да влезе во историјата како тенисер со најголем број Гренд слем пехари. По 20 има заедно со Роџер Федерер и Рафа Надал кои синоќа џентлменски му честитаа на Твитер:

„Новак, честитки за твојот 20-ти Грен слем турнир. Горд сум што имам шанса да играм во посебна тениска ера со големи шампиони. Прекрасни настапи, секоја чест“, порача Федерер, а вечерва пристигна одговор од Србинот. 

„Истото важи и за мене Рожер. Ти благодарам многу на љубезните зборови“, – возврати Ноле.

Подоцна честиташе и големиот Рафа. 

НЕЗАПИРЛИВИОТ ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН И ГИ СТИГНА НАДАЛ И ФЕДЕРЕР

ПОЕНОТ СО КОЈ НОВАК МУ ПОКАЖА НА БЕРЕТИНИ КОЈ Е КОЈ

 

12 јули 2021 - 12:35