Незапирливиот Ѓоковиќ го освои Вимблдон и ги стигна Надал и Федерер

По Австралија Опен и Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски Гренд слем турнир откако во финалето на Вимблдон беше подобар од Матео Баретини. 20-та Гренд слем титула за Србинот за израмнување со двајцата најголеми ривали.

Најдобриот тенисер во светот го совлада Италијанецот Матео Беретини во финалето на Вимблдон со 3-1 во сетови, (6-7, 6-4, 6-4 и 6-3) и со тоа ја продолжи доминацијата на најпрестижниот тениски турнир во светот.

И покрај големиот отпор, Ѓоковиќ не дозволи изненадување и три години по ред е на тронот во Вимблдон кој го освојува шести пат во кариерата.

Ѓоковиќ во првиот сет имаше водство од 5:2 и меч топка, но Беретини беше упорен, успеа да се врати и да го освои првиот сет.

Српскиот тенисер ја подобри играта во вториот сет и со два брејка водеше со 4:0. Идентично како во првиот сет поведе со 5:2, но овој пат не дозволи изненадување и израмни на 1:1.

Во третиот сет, еден брејк беше доволен за Ѓоковиќ да слави со идентични 6-4 и да си го трасира патот до трофејот, а во четвртиот сет играше израмнета битка.

Италијанецот имаше 57 „винери“ и 47 неизнудени грешки, наспроти 31 „винер“ и 21 неизнудена грешка на Ѓоковиќ.

Следниот месец во Њујорк, Новак ќе има можност да испише голема историја и тоа да стане прв тенисер кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири во една сезона и да стане прв со 21 Гренд слем титула.

11 јули 2021 - 18:50