Таг: вимблдон 2021

Поенот со кој Новак му покажа на Беретини кој е кој

Во моментот кога изгледа дека е нападнат и се обидува очајнички да се одбрани, тогаш е најјак. Матео беше блиску до брејк во четвртиот сет со кој ќе поведеше со 4:2 и ќе сервираше за голема предност која ќе го доближеше до 2:2 во сетови. Но Ѓоковиќ токму во тој момент го направи потегот на мечот.

Незапирливиот Ѓоковиќ го освои Вимблдон и ги стигна Надал и Федерер

По Австралија Опен и Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски Гренд слем турнир откако во финалето на Вимблдон беше подобар од Матео Баретини. 20-та Гренд слем титула за Србинот за израмнување со двајцата најголеми ривали.

Ивановски загуби, но повреден јуначки се бореше до крај на Вимблдон

Македонскиот претставник на Вимблдон го заврши настапот на најпрестижниот тениски турнир во светот. Имаме голем тениски талент кој допрва се очекува да го каже своето. Коментаторот зборуваше во суперлативи за него.

Историско осминафинале на Вимблдон за Калин Ивановски

Додека во сениорска конкуренција гледаме како испаѓаат големи имиња како Федерер, Циципас, Ѕверев...кај јуниорите бележиме нова победа на наше дете кое ја претставува Македонија во најелитниот тениски турнир во светот.

Имаме наше дете на Вимблдон кое елиминираше Американец

Најпрестижниот тениски турнир во светот влече огромно медиумско внимание, а кај нас не трепкаат пред тв кога игра некој од триото Ѓоковиќ – Федерер – Надал. Епа и еве и македонски претставник кој заслужува поддршка и кој сега почнува да се пробива во тој свет.

Овој па патиките си ги заборави на Вимблдон

Толку требаше, еден ден помина и ете го Ник Кирјос, пак со некое нетипично однесување. Третото коло не го доврши и го предаде мечот поради повреда, а во центарот на вниманието беше уште пред да почне мечот. Со погрешни патики се појави црепот.

Кирјос праша во публика каде да сервира за победа

Најконтроверзниот тенисер на денешницата, Ник Кирјос очигледно нема грам респект кон противниците. Се пријавува на Вимблдон, а се однесува како да игра тенис позади Алумина. Во ред е што го победи Џанлука Магер 3:0 и се пласираше во трето коло, ама ова на крај е понижувачки однос.

Циркуз на Вимблдон, Беноа Пер намерно губеше поени

Оние што љубат тенис, уживаат што стартуваше најпрестижниот тениски турнир во светот. Но заврна дожд кој влијаеше во распоредот на натпреварите, но и на расположението на некои играчи. Тоест на еден, познат како доста терсене.

Како се освојува гејм на Вимблдон за 46 секунди?

Многу едноставно. Тенисерот треба да се вика Новак Ѓоковиќ кој со четири ас удари го уништи Британецот Џек Драјпер. На крај заврши 3:1 по 125 минути игра.