Калин Ивановски стигна до осминафиналето во јуниорска категорија на Вимблдон каде не успеа да ја мине тешката пречка, а тоа беше седмиот носител, Џек Пенингтон Џоунс.
Британецот кој инаку е дел од академијата на Енди Мареј, победи со 2:0 во сетови (7:6 и 6:0), а вториот сет беше доста проблематичен за нашиот тенисер бидејќи при негатива од 3:0 го истегна колкот.
Ивановски во првиот сет успеа да внесе голема неизвесност и да се држи до 5:5, без да има ниту еден брејк на двете страни, но на крај го загуби пред сè поради 11-те неизнудени грешки.
Џоунс ја продолжи серијата и во вториот сет и му зема три гејма по ред, по што Ивановски се повреди и побара медицински тајм аут.
По укажаната лекарска помош, тој не го откажа мечот и реши да се бори до крај и покрај тоа што се виде дека не е 100% спремен.
Убаво беше да се гледа наше дете на Вимблдон со директен пренос на Спорт Клуб, на кој коментаторот неколку пати повторуваше дека се работи за талент со кој Македонија има тениска иднина.
Да потсетиме, 17 годишниот Калин е прв македонски тенисер кој успеа да стигне до осминафинале на Вимблдон откако во првите две кола ги победи Дејли Бланш од САД и Едас Бутвилас од Летонија.
Најубавиот негов поен на мечот.