Калин Ивановски бележи нова историска победа на Вимблдон во јуниорска конкуренција откако во второто коло беше подобар од Едас Бутвилас од Летонија со 2-0 во сетови (7-6 и 7-6).
Со овој триумф 17 годишниот Ивановски испишува убава страница во историјата на македонскиот тенис, бидејќи до сега ниту еден друг Македонец во јуниорска категорија не успеал да стигне до третото коло на Вимблдон.
Тој од аутсајдер прво го елиминираше Дејли Бланш од САД со 2:0, а сега повторно без загубен сет совлада уште една пречка и се избори за историски пласман во осминафинале.
Следниот негов противник е седмиот носител Џеј Пинингтон Џонс од Велика Британија.