14-ти јули 2019-та ќе остане датум на кој Вимблдон вечно ќе се сеќава. Затоа што тој ден го донесе најдолгото финале во историјата на најелитниот турнир кое беше решено после 4 часа и 58 минути. Епско пет часовно финале
Епска и психофизичка драма на двајца тениски шампиони кои го создадоа едно од најголемите спортски ривалства на кои сме сведоци. И сега кога се потсетиме на највозбудливите моменти во последниот сет, ни заигра нешто во стомакот.
Тоа беше битка на нерви меѓу Роџер кој на 37 години прикажа форма и подготвеност како да е 10 години помлад, против нескротливиот Новак кој е просто неверојатно како не му попушти психата на крај кога сите мислеа дека е готов.
Петтиот сет од тоа финале ќе остане запаметен како еден од најдраматичните и епски, а доволно е да ја видите реакцијата на нивните семејства во публика, особено на Мирка која не можеше веќе да гледа.
Српскиот великан го доби со 13:12, а најлудата работа во тој историски тај брејк е што Ѓоковиќ стана прв тенисер после 70 години што успеал да го освои Вимблдон после спасена меч топка.
Последен пат тоа му успеало на Американецот Боб Фалкенберг во 1948-ма. И што е уште полудо Новак спаси две меч топки.
Со ова добиено финале Ѓоковиќ стигна до петта титула на најславниот тениски турнир во светот, како и предност во меѓусебните дуели против Швајцарецот од 26:22.
„Ова е веројатно највозбудливото финале кое некогаш сум го играл, а сигурно меѓу две, три во кариерата, против еден од најголемите тенисери на сите времиња кого многу го почитувам. Јас сум еден од оние кои тој ги инспирира. Реков и претходно, кога бев клинец, кога растев и сонував да бидам тенисер, Вимблдон секогаш беше турнир на кој сакав да се појавам, да играм. Сонував дека ќе бидам овде, а сега на ова место ги делам посебните чувства со син ми и родителите. Сопругата и ќерка ми се дома, им праќам прегратки“, изјави Новак после мечот.
Не ви бараме 5 часа, туку две задолжителни видеа за гледање. Прво ладнокрвноста со која Ѓоковиќ спаси две меч топки.
А потоа финишот на 12:12.
One year on, a day of drama like no other…#Wimbledon | @ICC
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2020