Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.
На страна маратонското финале меѓу двата гладијатори, на Вимблдон имаше доста смеење, страдање од топче, глупирање и кивање (Ник Кирјос), бранови како на фудбал, па дури и сервирање со две топчиња. Ма супер е видеово, сакаме уште.
Иако остана во сенка на историскиот дуел Ѓоковиќ-Федерер, финалето на Вимблдон во двојки во машка категорија беше многу интересно за гледање. Одново, како пред 9 години, најголем баксуз на турнирот беше Французинот Никола Мау.
Откако по страшна битка со Федерер (цели пет часа) го освои својот петти трофеј на Вимблдон, српскиот тенисер одговори на едно новинарско прашање и пројави голема желба да дојде во Охрид.
Вимблдон е тениско шоу број 1 по сите основи. Кај имаме привилегија да гледаме како меле триото Федерер-Надал-Ѓоковиќ, а најмладиот од нив има 32 години, пазете што се случува на мечевите каде се натпреваруваат легенди. Французинот Мансур Барами одамна е пензиониран тенисер, ама кој би рекол. Губиш многу ако не го поканиш него на вакви ревијални средби.
На еден дубл во женска категорија меѓу Јелена Остапенко и Вероника Кудерметова против Ализ Корне и Петра Мартиќ, онаа најпрвата именувава сервираше директно и намерно во Французинката, освои поен и се смешкаше ко ништо да не било. Ама џабе тој покварен сервис, на крајот Корне и Мартиќ славеа со 4:6; 6:4; 6:3.
Пабло Куевас vs Дамир Џумхур 3:2 во прво коло на Вимблдон. Босанецот во еден момент го лобуваше Уругваецот доста искусно за сигурен поен. Арно ама Куевас во тој момент реши да се претвори во Федерер.