Разговорот им почна со смеење и неверување дека конечно се вклучиле на видео повик, бидејќи Рафа не успеал да го изведе технички тоа од прва.
For all the #Fedal fans...
— ATP Tour (@atptour) April 20, 2020
When @rogerfederer made it on to @RafaelNadal's Instagram Live! 😅pic.twitter.com/e6NGrmicYb
Без разлика што ова се луѓето кои го создадоа едно од најголемите ривалства во историјата на тенисот, кога в рака не држат рекети се други луѓе. Правеа општи муабети и беа расположение за зезање.
Надал му призна на Федерер дека не фатил рекет уште од Индијан Велс, а овој му одговори “одлично“ и го реметеше дека кога ќе се врати ќе заборави да игра.
Роџер му раскажуваше што прави по дома, како се рехабилитира после операцијата на коленото и дека вежба со ѕидот.
Rafa is only a lefty in tennis.
— TENNIS (@Tennis) April 21, 2020
This causes problems for Roger on court.
Roger decided to get to the bottom of it. 🤔@RafaelNadal | @RogerFederer pic.twitter.com/6P8opHUKlp
Потоа следуваше едно прашање на Федерер кое го мачело со години и токму на овој нивен симпатичен разговор Надал му ја открива вистината нему, а и на цел свет.
За Шпанецот отсекогаш е познато дека е деснак кој игра со лева рака на барање на чичко му, се со цел да биде поопасен за противниците, но Рафа му ја кажува вистината и вели дека тоа било само мит.
„Не можам да играм со десна рака. Тоа е мит. Пишувам со десна, играм кошарка со десна, сите други чувства ми се до десна, но тенис и фудбал не можам со десна, туку со лева“.
„Како мал почнав да играм бекхенд и форхенд со две раце и веројатно поради тоа луѓето не знаеја со која играм. Но јас отсекогаш сум левак“.
Инаку двете легенди се имаат сретнато 40 пати на АТП турнирите. Надал води со 24:16, но по број на освоени Грен слем турнири има еден помалку од Роџер кој води на вечната листа со 20.