За Медведев ова е големо разочарување, бидејќи две години по ред губи во финалето на Австралија опен.
Лани од Ѓоковиќ, а овој пат од Надал кој го водеше со 2:0 во сетови и изгледаше дека ита кон својата втора гренд слем титула во кариерата.
Но и покрај тоа што има 36 години и беше во тешко достижна негатива против 10 години помлад противник кој игра во топ форма, Рафа одигра страшно до крајот и уште еднаш докажа дека е синоним за борбеност и истрајност.
За него ова значи втора гренд слем титула во Мелбурн после онаа во 2009-та и рекордна 21-ва со која сега води пред Федерер и Ѓоковиќ кои имаат по 20.
Финалниот меч на гледачите им понуди атомски тенис од 5 часа и 24 минути, кој сигурно ќе остане еден од најдобрите во историјата на Мелбурн, со голема борба и неизвесност од крајот.
Со освојувањето на еден од четирите најголеми тениски турнири во светот, Надал ќе добие 2,8 милиони долари и ќе му се доближи на Новак Ѓоковиќ на АТП листата.
Поразениот Медведен ќе замине од Австралија со 1,5 милиони долари и ќе треба да плати казна од 12.000 долари за испадот во полуфиналето кога урлаше по судијата.
Another chapter is written 🏆@RafaelNadal defeats Daniil Medvedev 2-6 6-7(5) 6-4 6-4 7-5 to win his second #AusOpen title in an epic lasting five hours and 24 minutes.
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 30, 2022
⁰
🎥: @wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis #AO2022 pic.twitter.com/OlMvhlGe6r
Legendary status 💪#AusOpen • #AO2022 pic.twitter.com/7uDDds3x7z
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 30, 2022