Фејсбук страната „Macedonian Coalition“ објави фотографија со знамиња закачени кај снимателите на Австралија Опен, како потсетник кои знамиња да не ги фаќаат во кадар ако ги видат на трибини.
Од она што може да се забележи, се наоѓаме во друштво каде нема причина да ни биде местото.
На листот се Русија, бидејќи ја нападна Украина, како и нивниот сојузник Белорусија, потоа Израел и Палестина кои исто така се во војна, како и Тајван која се бори со Кина за независност.
Скроз е нејасно зошто организаторите на Гренд слемот го ставиле и знамето на Македонија, која ниту има претставник на Австралија Опен и фала богу не војува со никој?
Ако претпоставиме дека двете варијанти со знамето на Вергина се забранети поради провокација кон Грците, тогаш зошто е ставено и нашето актуелно знаме?