За време на третиот сет меѓу Ѕверев и Камерон Нори, гледачка почна да се расфрла со хартија на терен, со што ги збуни тенисерите и навлече гнев кај публиката.
Се испоставило дека таа протестира против војната меѓу Израел и Палестина, односно бара ослободување на Палестина и ја напаѓа Австралија како сојузник на Израелците.
„Додека гледате тенис, во Газа паѓаат бомби. Австралија е близок сојузник на Израел и соучесник во воени злосторства и геноцид. Ослободете ја Палестина“, пишува на летоците.
Откако гледачката беше исфрлена од трибини, пред мечот да продолжи, од двајцата тенисери беше побарано да седнат додека се расчисти теренот од хартија.
Ѕверев со многу тешкотии славеше против Британецот со 3:2, а во другото и последно осминафинале, Алкараз го збриша Миомир Кецмановиќ со 3:0 во сетови и закажа четвртфинална пресметка токму против Ѕверев.
Инаку во четвртфиналето во вторник се играат двојките Ѓоковиќ – Фриц и Синер – Рубљев, а во среда Хуркач – Медведев и Алкараз – Ѕверев.