Роденденски честитки за мајката и физиотерапевтот на Ѓоковиќ и респект за Федерер

Шоуто на Новак Ѓоковиќ не завршува со натпреварот, туку тогаш почнува. По елиминацијата на Рубљев, следуваа пар џентлменски гестови, кои не ги прави секој светски спортист.

Прво му честиташе роденден на физиотерапевтот кој беше во соблекувална, а потоа и на мајка му на која и било еден ден претходно. 

Потоа падна муабет за загубено финале од Роџер Федерер за кој побара аплауз од трибините.

„Имав големи битки со него низ годиниве. Му недостига тенисот. Го видов како се дотерува за Модната недела. Го виде и на скијање? Да, го видов и сакам да го предизвикам на една ски трка, ама за неколку години. За тенисот тој е еден од најважните кој ја играл оваа игра. Голем поздрав до него и неговото семејство“.

И покрај силниот ветер, дофрлувањата и провокациите за Новак, го збриша Рубљов со 3:0

25 јануари 2023 - 13:28