И покрај силниот ветер, дофрлувањата и провокациите, Новак го збриша Рубљов со 3:0

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон 10-та титула на Австралија опен откако во четвртфиналето го елиминираше Андреј Рубљов.

Без разлика што резултатот тоа можеби не го говори, 25 годишниот Русин не беше воопшто лош и одигра одличен меч против фаворитот.

Но Ѓоковиќ беше многу подобар и немилосрден. Сè што можеше му зема, па дури и последната тронка надеж за сензација.

На крајот тоа резултираше со комфорни 6:1, 6:2 и 6:4 за 26-та победа по ред на Австралија опен и 44-то Гренд слем полуфинале.

Српскиот ас во првиот сет се жалеше кај судијата на дофрлувања на секој можен поен.

А во еден момент имаше замерки и кон неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

Токму за време на мечот во Мелбурн дуваше и силен ветер против кој мораше да се борат тенисерите.

Во полуфиналето го чека најголемото изненадување на турнирот Американецот, Томи Пол.

25 јануари 2023 - 12:48