Барселона ќе го пријави ПСЖ за морничавата кореографија

Пред почетокот на натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона (4-2) во 3. коло од Лига на шампиони, навивачите на парискиот состав кренаа не баш пријатна кореографа - ликот на серискиот убиец од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила“ како со моторна пила го сече грбот на Барселона. За повизуелно „шоу“ запалија и неколку прскалки кои како да фрлаат искри од моторната пила. Се очекува УЕФА да го казни ПСЖ за ваквата кореографија плус за некои навредливи пароли и скандирања и за употреба на пиротехника.

„Масакр на париски начин“ пишуваше на ударната парола под кореото:

Спектакл на „Парк на принцовите“ - европскиот првак ПСЖ ја скроти Барселона

21 октомври 2026 - 09:04