На Јованка Орлеанка ѝ ставија хиџаб и палестинско знаме за помалку да личи на тинејџерската католичка светица која ги победи Англичаните или пак селската девојка од 15 век која го свртела текот на настаните, а повеќе како една од оние турбо-самодоволни девојки со вишок време кои насекаде гледаат нацисти.
Толпата презадоволна. А во неа маскирани исламисти, генерално навредени од идејата жените, а уште помалку девојките, да ги водат мажите во битка, како и буржоаски бели студенти, најверојатно изложени на постколонијални глупости за тоа како Јованка станала алатка за „протоимперијалистичко создавање митови“ и веројатно била „небинарна“. Таму има и млади од предградијата кои бараат проблеми и кои можеби не знаат која е Јованка, а уште помалку им е гајле. Зошто тие, завиткани во знамињата на Алжир и Мароко, би се секирале за одамна мртвото девојче кое маршираше зад знамето на Христос за да ја ослободи Франција?
„Видовме бели деца како лаат рап мелодија што го величи Мохамед Мерах, исламистот кој закла рабин и три еврејски деца во Тулуз во 2012 година. Франција каде што младите ја навредуваат Света Јованка и се воодушевуваат од исламонацист е Франција која е навистина изгубена. Видовме изгорени историски згради и осквернети бисти на Маријана додека млади во палестински бои навиваат и се смеат. Во меѓувреме, изнемоштени стари нарциси од генерацијата се возбудуваат зашто сето ова им личи на старата добра 68-ма“.
„Еве ја гротескната нова коалиција на модерната француска улица - нео-бонапартиска кабала од богати деца што чувствуваат вина што се богати, незадоволни деликвенти од предградието, мигранти без корен и исламисти за кои ништо француско не е свето, дури ни Света Јованка. Ова е „прогресивното“ движење сега не само во Франција, туку и низ целиот Запад, каде што левицата безмилосно ги напушти „нормите“ во корист на склучување сојузи со маргиналните, непродуктивните, лумпениризираните и странците“.
На улиците е алијанса од „буржоаски боеми“ (привилегирани, образовани левичари кои мислат дека граничните контроли се фашизам) и неасимилирани деца-имигранти од втора и трета генерација.
Како што вели Жан Пјер Ле Гоф, француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани.
„Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“.
„Младите од Сорбона го оправдуваат насилството со помпезни дефиниции за „епистемолошка деколонизација“ и „субверзивна квир темпоралност“, оние другите млади со себе ја имаат силата да кршат продавници и палат автобуси а исламистите ја носат возбудата на светата војна, давајќи им на сите вклучени чувство на опојна улога во џихад што го разбива Западот. Така разгалениот приградски нихилизам се трансформира во света крстоносна војна против самата цивилизација“, пишува Брендан О'Нил.