Ерик тен Хаг: Роналдо не беше способен сам да влезе во шеснаесетник и да даде гол

Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, откри дека имал затегнати односи со Кристијано Роналдо, кој според него, го изневерил тимот за време на својот втор престој на Олд Трафорд.

Тен Хаг го презеде Манчестер Јунајтед во 2022 година, а Роналдо се врати во Јунајтед во 2021 година, клубот за кој претходно блескаше и се прослави како млад.

Но ситуацијата се влошила, кога португалската ѕвезда го критикуваше раководството на клубот, што доведе до спогодбен раскин на неговиот договор.

Во интервју за „The Athletic“, Тен Хаг изјави дека Роналдо се штедел за време тренинзите и не го достигнувал потребното ниво.

„Тој го изневери тимот, а ме изневери и мене, бидејќи сметавме на него. Отпатував во Португалија за да разговарам со него за моите планови уште пред да дојдам во Јунајтед.

Секако, тој е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Многу го почитував. Но, во тој момент, како тренер, морав да донесам рационална одлука и да ги задржам играчите кои ги ценам.

Разговарав отворено и често му велев: ’Рони, сите сакаат да работат за тебе, да те доведат во вистинска позиција, но ако не можеш сам да влезеш во шеснаесетникот, не можеш ни да постигнеш гол‘. Тој не беше способен за тоа.

Погрешно е да се тврди дека сум очекувал од него да врши пресинг, или дека сум го исцрпил. Едноставно, тој не можеше. Тој не трчаше ниту кога тимот имаше посед на топката, ниту кога ја немаше. Причината беше тоа што тој не се подготвил соодветно.

Секој врвен тим мора да го прифати врвниот играч, но врвниот играч мора да работи за тимот.

Им велеше на играчите: ’Чувајте си ги нозете на тренинг‘. Разбирам кога сте во врвна физичка форма имате тренинзи, па можете да се поштедите. Но, прво мора да тренирате за да го достигнете потребното ниво на физичка подготвеност“, вели холандскиот тренер.

Роналдо се посрамоти од пенал и од 2 метри на празен гол

Роналдо го ошурија со казната

21 октомври 2026 - 09:48