Таг: ерик тен хаг

Пусти Ерик

Видеото се гледа до крај за да сфатите за кој Ерик станува збор.

Аргентинско бразилски танц со холандски шмек

Ќе речеш Карабао Куп, помалку вреден од ФА купот како најстаро натпреварување и неспоредлив со титула во Премиер лига, но сепак погледнете ги овие среќни лица на Лисандро Мартинез, Ентони и Тен Хаг. Како деца се радуваа на трофејот. Скоро 6 години Манчестер Јунајтед немаше освоено ништо.

Тен Хаг го кажа своето за Кристијано Роналдо

Кога играч ќе ти каже дека не те почитува, а ти си тренер задолжен за добра атмосфера во тимот и резултати, тогаш нема зошто повеќе да го играш, па макар бил и Свети Роналдо.

Видео од моментот кога Роналдо го откачува Тен Хаг

Кристијано Роналдо го напушти Олд Трафорд на мечот против Тотенхем пред судијата да свирне крај и ја одлежа суспензијата против Челси. Се појави видео од моментот кога пред тој недисциплиран потег, прави уште еден, а тоа е моментот кога се става над тренерот и му гестикулира со прстот дека не планира да влегува во игра. Стратегот на Манчестер го повика да влезе во последните минути од средбата која ја добија со 2:0.

Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе смислија песна за новиот тренер

52 годишниот Ерик Тен Хаг кој од 2017-та успешно го води Ајакс, од сезоната 2022/2023 стартува со нов предизвик наречен Манчестер Јунајтед. Навивачите се нестрпливи и веќе почнаа да му пејат.

Четири тренери полуфиналисти – нула трофеи

Кој и да го освои сезонава трофејот во Лига на шампиони ќе бидат живи радости за тренерот, бидејќи никој од нив до сега не успеал во тоа, а најблиску бил Јирген Клоп. Последен пат се случило вакво нешто со Порто на Мурињо.

Анонимниот тренер кој учел од Гвардиола и кој го внесе Ајакс во осминафинале на ЛШ

Како непишано правило, за да бидеш добар тренер не мора да значи дека мора да имаш и блескава играчка кариера. Напротив, голем дел од врвните стратези, во младоста биле во сенка на нивните попознати соиграчи. Таков е и Ерик Тен Хаг.