Видео од моментот кога Роналдо го откачува Тен Хаг

Кристијано Роналдо го напушти Олд Трафорд на мечот против Тотенхем пред судијата да свирне крај и ја одлежа суспензијата против Челси. Се појави видео од моментот кога пред тој недисциплиран потег, прави уште еден, а тоа е моментот кога се става над тренерот и му гестикулира со прстот дека не планира да влегува во игра. Стратегот на Манчестер го повика да влезе во последните минути од средбата која ја добија со 2:0.

По разговорот со тренерот, Португалецот се врати на тренинг со прв тим 

26 октомври 2022 - 09:45