За германскиот стратег тешкиот двомеч со Барселона ќе биде трета мајка за пласман во финале и освојување на најважниот трофеј во европскиот клупски фудбал.
Клоп има најголемо искуство во овие последни нокаут мечеви за разлика од неговите колеги полуфиналисти, бидејќи до сега се нашол во две финалиња. Прво со Борусија Дортмунд во 2013-та кога доби ултра тешка задача во финале против ривалот Баерн Минхен.
Во полуфинале успеа да голтне залак како Реал Мадрид, но во финалето загуби 2:1. Стрелци за тимот на Јуп Хајнкес беа Манџукиќ и Робен, а за Милионерите гол од пенал постигна Гундоган кој израмни на 1:1.
И во второто финале неговиот тим израмнуваше во вториот дел, а сеќавањата ни се многу посвежи бидејќи се работи за ланското финале меѓу Реал и Ливерпул конечни 3:1. На водството на Бензема одговори Мане, но Бејл потоа постигна два гола.
Со оглед на формата на Меси за Ернесто Валверде ова ќе биде златна шанса за прв трофеј, бидејќи сега има привилегија да ја води Барселона, нешто што немал шанси да го стори со Атлетик Билбао, Валенсија, Олимпијакос, Виљареал и Еспањол.
Ерик тен Хаг пак го живее сонот со Ајакс. Ги урна Реал и Јуве и има уште 180 минути предизвик за да се обиде да стигне до сензационално финале преку Тотенхем. Претходно ЛШ гледал само на тв како тренер на Утрехт, Баерн Минхен 2 и Гоу Ахед Иглс.
Исто како Ајакс, големо би било изненадувањето и ако Тотенхем стигне до тронот. Маурицио Покетино го имаат од 2014-та и сè уште чекаат на првиот трофеј бидејќи со него немаат освоено ништо. Претходни екипи му се Саутемптон и Еспањол.
Ваква статистика во ЛШ се нема случено 15 години кога во сезоната 2003/2004 во полуфинале се пласираа Порто со Мурињо кој потоа го освои трофејот, Депортиво со Ируета, Монако со Дешамп и Челси со Раниери.