Реал Мадрид ја искористи слабата форма на Барселона и го казни обидот на Каталонците за висок пресинг. Рамос, Модриќ, Бензема и другарите го надоместија сензационалниот пораз од Кадиз на домашен терен и по 7 кола веќе се одлепија на +6 од најголемиот ривал во Ла Лига.
Автор на фотографијата е Пеп Мората, кореспондент на Мундо Депортиво кој утрово бил во базата на Барселона кога отпуштениот тренер Ернесто Валверде заминувал со колата а од отсјајот на предното стакло, изгледа како да мавта на грбот на Барса.
Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Кој и да го освои сезонава трофејот во Лига на шампиони ќе бидат живи радости за тренерот, бидејќи никој од нив до сега не успеал во тоа, а најблиску бил Јирген Клоп. Последен пат се случило вакво нешто со Порто на Мурињо.
Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.
Валверде реши на терен од прва минута против Селта Виго да пушти една Барселона без играч од сопствената академија, нешто што не се случило уште од далечното гостување во Баскија пред цели 16 години.
Тренерот на Барселона Ернесто Валверде во кариерата ги водеше Билбао, Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија. Каде год да се појави е многу почитуван а така беше и синоќа во Пиреа каде донесе три шампионски титули и два купа.
Валверде важи за еден од подобрите фудбалери во историјата на Еспањол и жива легенда во градот на фудбалот - Билбао чијашто екипа ја внесе во Лигата на шампионите после цели 16 години. Конечно по три неуспешни обиди, коцките се поклопија и ќе ја води Барселона.
„Мравката“ важи за највредниот работник меѓу тренерите. Учел од Јохан Кројф но и од темпераментиот Биелса поради што ќе знае како да се носи со најдобрите фудбалери на светот. Единствениот тренер е на светот кој неколку пати ја добиваше моќната Барса.
На многу клубови во Ла Лига летово им претстои ремонт во играчкиот, но и во тренерскиот кадар. Главен кандидат за нов тренер на Барселона е Ернесто Валверде од Атлетик кој би можел да направи тотален домино ефект во цела лига.
Со гостинскиот триумф против Рајо Ваљакано фудбалерите на Атлетик Билбао математички се на четвртата позиција, а тоа значи дека по дури 16 години ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите. За тоа е заслужен еден познат шпански фотограф.